Ковачевски: Екипите на ЕВН се на терен, превентивно исклучени трафостаници
Потресите кои се случија во Скопје предизвикаа прекин на напојување со електрична енергија во реонот на епицентарот под Скопска Црна Гора кај селата Стајковци и Црешево, а поради превентивно гасење на трафостаниците струја немаше и во делови од централното градско подрачје во општините Центар, Аеродром и Карпоп.
„По земјотресот кој го погоди Скопје веднаше реагираа заштитните системи на трансформаторите кои имаат напон од 10 киловолти со што снема струја во повеќе области. Трафостаниците кои се управуваат далеченски веднаш беа вклучени и вратени во употреба од страна на ЕВН, додека пак останатите кои треба да се вклучат рачно веќе се упатени екипи кои ќе работат на терен. Според првичната визуелна слика нема никакви оштетувања на енергетската мрежа, освен во реонот на епицентарот каде има мали оштетувања на бетонските столбови, но екипите и таму се упатуваат и штетите веднаш ќе бидат санирани“, изјави за faktor.mk Атанас Ковачевски, од секторот за односи со јавност на ЕВН.
Слично
