Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Државата ќе загуби само 1,1 милијарди денари од намалувањето на ДДВ-то на сметките за струја

Ковачевски: Државата ќе загуби само 1,1 милијарди денари од намалувањето на ДДВ-то на сметките за струја

Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, денеска рече дека со Намалувањето на Данокот на додадената вредност од 18 на 5 отсто на сметките за електрична енергија во првата година државниот буџет ќе загуби 1,1 милијарди денари.

Според Ковачевски, кој одговараше на пратеничко прашање во Собранието, ова не е висока сума во однос на тоа што ќе биде заштитен, како што вели тој, стандардот на населението.

„Регулаторната комисија за енергетика во своја надлежност ја одредува цената согласно инпутите кои ги добива од компаниите. Но во финалната цена учествува и ДДВ-то, на кое може да влијае Владата.

Постои притисок за поскапување на цените, на енергенсите, се претпоставува дека РКЕ ќе донесе одлука за поскапување на електричната енергија, а државата има обврска да го заштити стандардот на населението

Понатаму ќе претстои скалесто зголемување на ДДВ-то се до неговото враќање на истиот процент. Ефектот во првата година ќе биде 1,1 милијарда денари помалку во буџетот, што е незначително за вкупните приходи“, рече Ковачевски од говорницата.


Слично

Поврзани вести