Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Долгот за струја на Клинички ќе биде платен

Ковачевски: Долгот за струја на Клинички ќе биде платен

Долг од седум милиони евра кон ЕВН може да го остави Клиничкиот ценртар без струја. Скопските клиники три години не ги плаќале сметките, а не може да ги заштити од исклучување ниту Регулаторната комисија за енергетика, затоа што тие немаат ниту гаранција. Тоа значи дека комплексот не е иззмен од исклучување иако е клучна инфраструктура.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, кажа дека обврска на државата и на Министерството за финансии е да обезбеди средства за непречено функционирање на Клиничкиот центар.

„Мора да бидеме свесни дека Министерството за здравство помина низ еден долг процес на борба со коронакризата и тогаш сите граѓани беа згрижени без да има какво било нарушување на процесот на пружање на такви услуги. Сите ресорни министри кажаа дека е обврска на државата да обезбеди здравствени услуги и во оваа сега енергетска криза исто како и образовни услуги што го правиме и преку нудење на електрична енергија по пониски цени од берзанските преку ЕСМ. Исто ќе направиме и со финансиски средства и за фирми како ЕСМ, како и за други витални функции на државата“, одговори премиерот по отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје.


Слично

Поврзани вести