КОВАЧЕВСКИ, БЕКТЕШИ И ДИРЕКТОРОТ НА ЕСМ ВО ПОСЕТА НА ПРВАТА СОНЧЕВА ЕЛЕКТРАНА ВО ЦЕЛОСНА ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ - 10 мегаватната Осломеј
Премиерот Ковачевски денес ќе оди во посета на местото каде се гради фотонапонска електрана „Осломеј 1-10MW”.
Друштво ќе му прават министерот Бектеши и првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски .
Како што се соопштува со посетата на овие високи претставници би требало да заврши изградбата на електраната со тест период на целосно монтирана опрема.
Последни подготовки се вршат на терен пред пуштањето во процес на производство на новата 10-мегаватна фотонапонска електрана Осломеј.
„Електраната се наоѓа во пробен период и наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем.
Ова е прва сончева електрана во целосна државна сопственост, односно во сопственост на АД ЕСМ“, се вели во соопштението од државната компанија за производство на електрична енергија.
