Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Ќе има крак на железница до скопскиот аеродром

Ковачевски: Ќе има крак на железница до скопскиот аеродром

Претседателот Ковачевски денеска рече дека ќе се гради пруга до скопскиот аеродром откако денеска во Белград беше потпишан  Меморандум помеѓу Србија и Македонија за изградба на железничка мрежа со високи перформанси на Коридорот 10.


Станува збор за железничка мрежа која би ги поврзала Скопје и Ниш и би поддржала пат со брзи возови, кои би се движеле со брзина од најмалку 160 километри на час.

-: Отворивме пат за изградба на брза железничка линија Скопје - Ниш - Белград и крак со којшто кај нас се прави поврзување со Меѓународниот аеродром во Скопје. Се работи за изградба на брза пруга од околу 50 километри.

Потпишан е Меморандум за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси помеѓу Северна Македонија и Србија, со што овозможуваме поврзување меѓу државите од Западен Балкан и кон Европската Унија.

Меморандумот се однесува на железничко поврзување на релација Атина - Солун - Скопје - Ниш - Белград - Загреб - Љубљана - Салзбург. Комерцијалната брзина на железницата е предвидена на околу 160 km/h. Пругата за брз проток на стоки очекуваме да овозможи развој на целиот регион, рече Ковачевски.

Владата во својата програма за работа за периодот до 2024 година вети дека ќе изработи проектна документација за изградба на нова пруга од Миладиновци до Меѓународниот аеродром Скопје. Ова ветување до ден денеска е неисполнето, а наредната година како краен рок за завршување на обврската нема да се испочитува, бидејќи допрвo ќе се бараат средства од ЕУ за техничката документација за проектот.

IИзведбата на пругата влезе во Програмата за работа на Владата за периодот 2020-2024 година. Во меѓувреме, со ревидираната владина програма за работа за периодот 2022-2024 година се промени и ветувањето, па наместо изградба на пругата што првично беше ветена во 2020 година, сега стои дека ќе се изработи единствено проектна документација.

Слично

Поврзани вести