Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коцијанчиќ за Фактор: Брисел очекува сериозен напредок и исполнување на договорот

Коцијанчиќ за Фактор: Брисел очекува сериозен напредок и исполнување на договорот

Брисел очекува  во наредните  неколку денови да  види  значителен напредок  во исполнувањето на обврските кои лидерите ги превземаa со потпишувањето на договорот  во Пржино.  Во согласност со превземената временска  рамка  сакаме  да видиме и конкретни резултати. Ова  за Фактор  го изјави  Маја Коцијанчиќ.  Портпаролката на  Еврокомесарот  за проширување  и добрососедска политика вели дека  Брисел  со особено внимание  го следи развојот на  ситуацијата во Македонија и очекува потписниците на  договорот од Пржино во целост  да ги  спроведат обврските без никакво одложување.

„Комесарот Хан планира да ја посети поранешната југословенска Република Македонија на 18 септември, со цел да се слушне за напредокот и резултатите во имплементацијата на политичкиот договор од  јуни, вклучувајќи различни рокови за постапување“ ,  вели Коцијанчиќ.

Во однос на тоа што се’ уште не е на повидок  решение за Специјалниот јавен обвинител , Коцијанчиќ  вели дека  Еврокомесарот  Хан внимателно ја следи ситуацијата во  Македонија  и оти се надева дека  до неговото доаѓање во Скопје ќе може да слушне добри вести  во однос на  ова прашање  кое е од суштинска важност за расветлување на  случаите „Прислушување“ и „Пуч“ . Коцијанчиќ не сака да прејудицира  дали доколку  партиите не постигнат договор за изборот на Специјалниот јавен обвинител Брисел ќе го има последниот збор.

Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести