Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коцијанчиќ: Одговорноста за решавање на кризата е во раце на политичките лидери

Коцијанчиќ: Одговорноста за решавање на кризата е во раце на политичките лидери

ЕУ не сака да шпекулира, иако неофицијални извори од ЕК потврдија дека во рамките на Европска служба за надворешни работи се подготвува листа со санкции кон индивидуални лица од Македонија, вклучувајќи забрана за влез во некои земји-членки на ЕУ поради влошената политичка ситуација во земјата.

Портпаролката на ЕК Маја Коцијанчиќ ги нарече „шпекулации“ сличните информации, но потврди дека по неуспехот на самитот во Виена, ЕУ планира „некој вид активности“ против одговорните.

“Ја кажавме многу јасно нашата позиција по последниот развој на настаните во Република Македонија. Ситуацијата останува многу загрижувачка. Како што рековме и претходно потребна е одговорност за решавање на актуелната политичка криза во земјата, а таа е во рацете на политичките лидери во земјата. Ја зразуваме нашата загриженост. Принудени сме да разговараме за активности со кои ќе одговориме на барањата на Европскиот совет, Комисијата и Парламентот. Но како што реков минатата недела, не сакам да шпекулирам за тоа“, истакнала Коцијанчиќ .

Од своја страна, дописникот на МИА изјави дека „ЕУ не сака, но ако ситуацијата во Македонија се влоши, ќе треба да се реагира рестриктивно“.

Тој прецизира дека не станува збор за санкции, какви што се наметнати против лица од Русија за ситуацијата во Украина, но ги нарече „еден вид забрана за влез во ЕУ за неколку луѓе од Македонија“. „Тоа ќе се случи, ако кризата не биде решена“, потврди дописникот на МИА од Брисел.

Слично

Поврзани вести