Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коцијанчич: Комисијата мораше да ја намали финансиската помош на ЕУ

Коцијанчич:  Комисијата мораше да ја намали финансиската помош на ЕУ

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич  потврди дека кратењето на финансиската помош за земјава ќе изнесува над 27 милиони евра.

Таа нагласува дека последните неколку години, а посебно лани Европската комисија во неколку наврати ја објасни својата загриженост до надлежните органи за недостатокот на подготвеност, зрелост во планирање во клучните сектори, како и недостатокот на политичка посветеност за реализација на потребните  реформи.

„Како резултат на тоа, Комисијата мораше да ја намали финансиската помош на ЕУ за 2016 година, како и да одлучи да не продолжи со уште еден проект. Има многу недостатоци во транспортниот сектор, кои спречија правилно планирање и координација во тој сектор“– објаснува Коцијанчич.

Според неа, Македонија треба да стави акцент на одржливост на големи инвестиции во инфраструктурата.

Овие кратења на средства во јавноста беа протолкувани како санкции и се смета дека на ваков начин Македонија почна да ја плаќа сметката за политичката криза која трае долго.

Нова помош за Македонија нема да има.

Слично

Поврзани вести