Коце Трајановски: Ќе продолжиме да реконструираме булевари, ќе го гасифицираме Скопје!
Мојата кандидатура е потврда на моето досегашно работење . Ова е мотив да продолжиме и понатму со започнатите проекти, но и со новите, со ист ентузијазам. Јас изготвив нацрт изборна програма во која се наведени сите проекти за подобар живот на граѓаните. Се работи за проекти за подбра комунална хигиена, сообраќај, инфраструктура, образование, култура и друго. При изработката се консултирани стручни лица и правена е во согласност со потребите на општините. Програмата ќе биде корегирана со идеите на партијата и анкетите од граѓаните. Консултирани се странски и домашни експерти. Главни приоритети се реконструкциите на булеварите како 3-та Македонска бригада, Борис Трајковски, Христијан Тодоровски Карпош, Јужен булавар, Митрополит Теодосиј Гологанов, како и кружените текови. Ќе продолжиме со проектите за нов Луна парк, гасификација на Скопје, Ски- патека. Ќе се продолжи со проектот за изградбна на трамвјаски систем. Врз основа на оваа програма ќе ја побараме и довербата од граѓаните, која сме сигурни дека ќе ја добиеме. Не сакам да коментирам за мојот против кандидат.
Слично
