Котор како Монте Карло
Црногорскиот град Котор е веројатно меѓу најскапите во регионот - минималната потрошувачка кошничка во овој град во мај годинава изнесувала 925 евра!
Од ова, минималните трошоци за храна изнесуваат 278 евра, за непрехранбени производи и услуги - околу 437 евра и за домување - 210 евра, вели општинскиот синдикален претставник Илко Маровиќ.
Иако цените звучат вртоглаво високи, сепак мајската потрошувачка кошничка е за 1,25 евра поевтина во однос на мартовската, или за 0,13%.
Кога потрошувачката кошничка во Котор ќе се спореди со онаа што ја објавува црногорскиот Завод за статистика - Монстат за цела Црна Гора, и која изнесува 792 евра, се гледаат огромни разлики. Которската кошничка е поскапа за цели 133 евра односно 16,77%.
„Најмалку двајца членови на семејството мора редовно да примаат плата за некако да се врзе „крај со крај“ во Котор до крајот на месецот“, сликовито објаснува Маровиќ.
Слично
