Економија, финансии, бизнис

Контакт

Котеска:Проектот „Скопје 2014“ е хулиганство, а не гаѓањето со боја

Котеска:Проектот „Скопје 2014“ е хулиганство, а не гаѓањето со боја

Проектот „Скопје 2014“ е хулиганство, а не гаѓањето со боја. Мислам дека иднината на тие споменици и онака ќе биде во некој Мементо парк надвор од Скопје, каде што ќе одиме се прошетаме за да го видиме ова 10-годишно лудило овековечено во тие споменици, вели професорката Јасна Котеска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Додава  дека тешко е да се предвиди дали македонските политичари имаат капацитет да влијаат за позитивен епилог или разрешницата кога земјава е на работ на голема криза, но ќе мора да го најдат во секој случај. Меѓународниот фактор очигледно ќе има улога, суштинскиот капацитет, за среќа, го понесоа македонските граѓани, кои протестираат секој ден од шест часот, додава таа.

„Сведоци сме дека тие протести траат секој ден веќе три недели во континуитет, се шират, веќе се низ 12 града во земјата и тие покажуваат, граѓаните, ние покажуваме дека имаме капацитет за демократска, европска Македонија, а на политичарите останува да се види колку ќе имаат капацитет, а притоа под политичари со капацитет не го подразбирам Никола Груевски којшто сметам дека целосно е надвор од реалноста, има изгубено секаков компас и тој не верувам дека ќе има каков било капацитет да преговара. Мислам дека странците дури и не преговараат во суштинска смисла со него, мислам дека го држат на кратко јаже, евентуално да не ја експлодира ситуацијата во некаква безбедносна смисла, а од друга страна да има привид дека контролира некаква ситуација, меѓутоа искрено се сомневам дека кој било преговара со него во сериозна смисла“ - вели професорката.

На прашањето, дали тоа што „Шарената“ револуција обои дел од институциите е израз на револт кој не може да се контролира, а од друга страна, се одржуваат контрапротести со музика, како да се сака да се затскрие незадоволството, таа Котеска вели дека прво, спомениците и спомен обележјата се дивоградби во град Скопје.

Вториот елемент е дека „Скопје 2014“ е пералница на пари. Знаеме дека во проектот не учествуваат македонските уметници така како што сака да ги претстави Владата. Учествуваат тројца главни автори и пет изведувачи, без портфолија, без искуство во работа со неокласицистички или не знам какви објекти и трето, да направам една паралела, „Скопје 2014“ и она што се случува со „Шарената револуција“ е како некој крадец да ви влезе дома, да ви украде 1.000 евра колку што имате заштедено, да потроши 30 евра расфрлајќи пластични предмети врз дотогашниот мебел, колку и да бил тој скромен, а другите да ги однесе на Кајманските острови, смета професорката.

Слично

Поврзани вести