Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСТОВСКИ ЗА КРИВИЧНИТЕ: Знам дека се против нас сопствениците, прстот го вперувам кон Владата, таа на ова кумувала

КОСТОВСКИ ЗА КРИВИЧНИТЕ: Знам дека се против нас сопствениците, прстот го вперувам кон Владата, таа на ова кумувала

Јас не знам против кого се поднесени кривичните пријави бидејќи досега не сум добил никакви документи, но претпоставувам дека тоа е против нас двајцата акционери во банката, односно против мене и мојот син Коста Kостовски, изјави за Фактор еден од сопствениците на Еуростандард во стечај, Трифун Костовски. 

Тој за кривичните пријави прстот го вперува кон Владата, која вели дека кумува на овој процес на поднесување на кривични пријави. 

„Како можеше премиерот Зоран Заев на средбата со штедачите да најави кривични пријави, а еве денеска тоа излегува од Народна банка, значи дека тој бил информиран за ова. Од каде би знаел премиерот дека се подготвува кривична пријава“, вели за Фактор, Костовски. 

Според него, оваа кривична пријава сигурно се оформила по налог на Владата. 

Тој вели дека ова за него бил очекуван потег, а бил поттикнат меѓу другото и од „човекот со чисти раце“.

Костовски вели дека и покрај се не отстапува од своите ставови.

Ако кривичната е против него, негови главни аргументи во одбраната ќе бидат дека тој до последен миг се борел за спас на банката, за што има и бројни документи.

„Само во жива банка ќе можеа да се спасат парите на штедачите“, вели Костовски.

Ток вели дека парите гои проневериле негови луѓе, но дека луѓе од Владата ги користеле тие пари, и затоа не сакаат да се откријат тие траги.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести