Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костовски: Не ја ставајте во овој вител Нина Ангеловска, таа е стар клиент на банката

Костовски: Не ја ставајте во овој вител Нина Ангеловска, таа е стар клиент на банката

Не ја ставајте во овој вител министерката за финансии, Нина Ангеловска бидејќи таа е стар клиент на банката, рече сопственикот на Еуростандард банката, Трифун Костовски, на денешната прес - конференција на која ја обвини  Народна банка за смислено сценарио за стечај. 

Тој нагласи дека во последните месеци, пред да се укине дозволата за Еуростандард банка многу личности, веројатно знаејќи ја оваа информација дека се подготвува стечај, ги повлекле своите депозити од Еуростандард банка, при тоа не сакаше  да открие каква политичка ориентација имале тие граѓани и дали биле блиски до претходната или сегашната владејачка гарнитура. 

Ја обвини Народна банка за бирократски однос и немање сенс за економијата. 

Семејството Костовски во овој случај е во загуба од 60 до 70 милиони евра. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести