Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСТОВА: Вакво безобразие досега не сум скоцкала во психо портретот на ДПМНЕ и ДУИ!

КОСТОВА: Вакво безобразие досега не сум скоцкала во психо портретот на ДПМНЕ и ДУИ!
Јадранка Костова е главен уредник на неделникот Фокус, смета дека законот за цензура на бомбите е големо безобразие, но дека најмногу ж говори за паниката на власта. Иако секогаш тврдев дека ништо од оваа групировка на власт не може да ме изненади, е оваа нивна предлог законска бомба ме далдиса. Ме затече. Да, јасно ми беше дека „бомбите“ се единствената работа што ги шашардисува (враќањето на опозицијата во Собранието нема врска), но вакво безобразие не сум го „скоцкала“ согласно нивниот психо-портрет. Да стокмиш цензура со закон, очекувам барем да интервенираат амандамски на Уставот- цензурата е забранета освен ако не ги тангира ДПМНЕ и ДУИ. И се ќе биде согласно уставот и законите. Но, ова говори во која паника се „талентиве“ загрижени за „човековите права“. Срамно и скандалозно! Во наредните минути на Фактор.мк следуваат ставовите на уште неколку еминентни македонски новинари.
Слично

Поврзани вести