„Костал“ за шест години ќе инвестира 70 милиони евра
Добрата бизнис клима и средбите на менаџментот на компанијата со постојните странски инвеститори како Џонсон Мети, Вистеон и Дрекселмајер биле пресудни компанијата Костал да се одлучи да влезе со 70 милиони евра инвестиции во земјава наменети за отворање на погон каде ќе се произведуваат делови кои се вградуваат во најлуксузни марки автомобили.
Преговорите со германскиот гигант до одлуката траеле речиси две години по што паднал договорот со кој се предвидува компанијата во првиот квартал почнува како браунфилд инвестиција, а вработените ќе ги праќа на обуки во Украина и Ирска.
Седиштето на компанијата Костал е со седиште во Германија, а присутна во 17 земји, меѓу кои Кина, Mексико, Велика Британија, Бразил, Индија со околу 15.000 вработени.
Произведува електронски модули за раководење прозори, врати, седишта, волани, менувачи, камери, сензори.
Слично
