Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадиновски: Фирмите отсега ќе се регистрираат електронски, без никаков трошок

Костадиновски: Фирмите отсега ќе се регистрираат електронски, без никаков трошок
Регистрација на фирма во Централниот регистар ќе се врши без никаков трошок, информира директорот Ванчо Костадиновски во интервју за агенцијата МИА. Како што појаснува тој, регистрацијата ќе се врши електронски, преку регистрациони агенти кои тоа ќе го прават без никаков надомест. Овој модел е изработен според словенечкото искуство и се применува и во Сингапур и во Австралија. Костадиновски најави дека за десетина дена треба да бидат издадени овластувањата на првите регистрациони агенти за електронска регистрација на фирма. - Реформата се однесува на патот на апликацијата, односно заживување на електронската регистрација на фирмата. Одлучувањето во однос на приемот на апликацијата, времетраењето останува исто. Реформата се однесува на заживување на системот, кој го имплементиравме во март 2011 година. Оттогаш имаме поднесоци во електронска форма, но ние како Централен регистар не сме задоволни од нивото на искористеност и она што се става на располагање на корисниците на овој систем - изјави Костадиновски.  
Слично

Поврзани вести