Костадин Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за намалување на ДДВ за струја по скратена постапка
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција го осуди ВМРО-ДПМНЕ дека најголемата опозициска партија одбила да гласа за потребата по скратена постапка да се направат законските измени за намалување на данокот на сметките за електрична енергија.
„Што направи ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден? ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за потребата по скратена постапка за измени во Законот за данок на додадена вредност и намалување на ДВД на струја од 18 на 5 проценти“, рече гласноговорникот на владеачката партија.
Владеачкото мнозинство се законски измени во првата година ќе го намали плаќањето на ДДВ на сметките за електрична енергија од 18 на 5 отсто со цел краткорочно тие да останат исти за граѓаните, откако вчера Регулаторна комисија за енергетика објави дека енергетските компании вкупната цена ја зголемуваат за 12,5 отсто.
