Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадин Костадинов: Главниот изведувач на автопатот Кичево - Охрид со 50 отсто профитна маржа

Костадин Костадинов: Главниот изведувач на автопатот Кичево - Охрид со 50 отсто профитна маржа

Костадин Костадинов, пратеникот на СДСМ, на денешната пленарна седница во Собранието, реплицирајќи во расправата за ребалансот на буџетот, рече дека изведувачот на автопатот Кичево - Охрид остварил 50 отсто профитна маржа преку ангажирањето на помошните компании.

- Главниот изведувач преку договорите со подизведувачите остварил 50 отсто профитна маржа, рече портпаролот на СДСМ, критикувајќи го трошењето на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Главен изведувач на автопатот Кичево - Охрид е кинескиот Синохидро, а изградбата е кредитирана од кинеската ЕСКИМ Банка.

Не е познато колку ќе чини изградбата на оваа делница, а почетната проценка е дека тој ќе чини 600 милиони евра.

Слично

Поврзани вести