Коста Петров поднесе оставка како директор на ФИТР
Коста Петров на социјалните мрежи објави дека поднесува оставка како директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
„Воедно, ова е и моја последна активност како Директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Голема благодарност до сите наши партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка овие 14 месеци. Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година“, објави Петров.
Наедно тој ги објави и резултатите според портфолиото на компаниите поддржани од ФИТР за период 2017-2020, според кои тие оствариле кумулативен пораст на приходите од 50% Кумулативниот пораст на профитот на целото портфолио за анализираниот период изнесува 75 отсто. Растот на приходите на стартапите, една година пред финансирањето и две години по финансирањето е 197 проценти.
