Коста Крпач пронајден мртов во својот стан
Телото на Коста Крпач е најдено во неговиот стан на улицата „Иво Лола Рибар“, откако полицајци тргнале да влезат во станот сомневајќи се дека од неговиот стан е пукано во комби.
Полицијата го нашла Крпач со прострелна рана во градниот кош. Првичните сомнежи се дека станува збор за самоубиство, но полицијата истражува и друга можност.
Коста Крпач е академски сликар и директор на компанијата „Финзи ДООЕЛ“ која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“.
Околу 13.20 часот рафалите од огненото оружје кои беа испукани од станот, завршија во комби.
Претседателот Ѓорге Иванов неодамна го аболицираше и Крпач.
Слично
