Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовското млеко не е канцерогено,тврдат властите во Приштина

Косовското млеко не е канцерогено,тврдат властите во Приштина

Mлекото и млечните производи од домашно производство содржат афлатоксин во рамките на дозволените норми од страна на ЕУ, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово.

Директорот на агенцијата, Валдет Ѓиновци, за Косовската телевизија изјавил дека за анализа се земени четири мостри на млеко од косовско производство и оти е потврдено дека тоа содржело афлатоксин во рамките на дозволеното, што значи дека е дозволено да се консумира истото.

И претседателот на Здружението на млекопроизводители, Рамадан Мемај, изјавил дека домашното млеко е безбедно и оти од првичните анализи резултирало дека тоа содржи 0,05 микрограми афлатоксин.

- Во наредните три дена очекуваме да имаме резултати од неколку други анализи на млекото кое се произведува во Косово, кои ги испративме за контрола надвор од земјава, изјавил Мемај. Претходно косовската агенција за храна и ветеринаство ја забрани продажбата на млекото „Прималат“ и „Фаст“ од албанско производство, поради содржината на афлатоксин над дозволеното ниво.

Слично

Поврзани вести