Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовските власти велат дека имало четири напади за три дена врз полицијата на северот

Косовските власти велат дека имало четири напади за три дена  врз полицијата на северот

Врз косовската полиција на северот имало четири напади за три дена. 

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека нападите што последните три дена се случија врз косовските полицајци во близина на границата со Србија во северно Косово се изведени од српска територија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Властите велат дека целта е да се спречат акции против шварцот.

Министерот за внатреши работи Џелал Свечла тврди дека Србија се обидува да го дестабилизира Косово, но сепак вели ситуацијата е стабилна.

„Не се плашиме од ниту едно сценарио на Србија, подготвени сме да се соочиме со секое сценарио, особено кога ќе ја земеме предвид безрезервната поддршка што ја добиваме од пријателските земји“, изјави Свечла. 

Канцеларијата на ЕУ во Косово остро го осуди, како што го нарече, „насилниот напад врз патрола на косовската полиција во општина Зубин Поток“. 

Деновиве Косово реагираше пради вооружувањето на Србија. Тие сметаат дека тоа е закана за регионот. 

Слично

Поврзани вести