Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовските Срби се повлекуваат од барикадите, доаѓа КФОР

Косовските Срби се повлекуваат од барикадите, доаѓа КФОР

Oткако Приштина и Белград во Брисел постигнаа договор за регистарските таблички, се отстрануваат и барикадите на границата меѓу Србија и Косово. 

Србите заедно со припадниците на словенечките сили кои како дел од НАТО војската ги расчистуваат барикадите. 

Србите ги блокираа премините Брњак и Јариње  откако косовските власти на 20 септември им наредија на сите возачи што влегуваат од Србија на Косово да земат привремени, печатени регистарски таблички во употреба од 60 дена и за нив да платат. Нив оваа одлука не им се допадна, а сега властите од двете земји низ преговори ќе бараат трајно решение.  Десет дена имаше тензии. КФОР сега ќе го обезбедува теренот. 

Крах на Албанците при генералната проба за еднострани потези. Вака претседателот на српското собрание Ивица Дачиќ ги искоментира случувањата на Косово. 

Слично

Поврзани вести