Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовските Срби порачуваат: Немаме оружје да се браниме, имаме само добра волја

Косовските Срби порачуваат: Немаме оружје да се браниме, имаме само добра волја

И покрај постигнатиот договор за личните документи и уверувањата на меѓународните посредници дека мирот мора да се зачува на Косово, Србите се жалат и велат дека живеат во страв. 

Соговорниците на српските медиуми од Косово велат дека понекогаш и две оклопни возила застануваат пред нивните куќи, излегуваат со долги цевки на патот, ги запираат возилата и проверуваат.

„Немаме каде да одиме оттука. Ние сме овде домородци. Како што Бог ќе  даде, така ќе биде со нас. Немаме оружје да се браниме, имаме само добра волја и силно срце да му се спротивставиме на окупаторот“, вели локалниот жител Сава Вукадиновиќ.

Тој посочува дека „Србите не се напаѓани само од Курти и Албанците, туку и од Америка и Европа“. Вели дека Англија, Франција, Америка, Германија одлучуваат за нив. 

фото: И.Маринковиќ

Слично

Поврзани вести