Косовските лидери објавија мапа на која има и грчка територија
Грчкиот весник Грик сити тајмс пишува за состојбата на Косово, а пренесе и дека косовските политичари Албин Курти и Вјоса Османи позирале со мапа на која се наоѓаат и грчките територии Епир и островот Крф.
Оваа вест на Твитер ја искоментира и српскиот амбасадор во Грција, Душан Спасојевиќ кој пишува дека „дури и ако волкот остари, неговите овци не се менуваат“.
Тој ги нарече Османи и Курти, опортунисти, националисти и популисти, пренесуваат српските медиуми. Инаку, деновиве имаше тензии на Косово. Мапата која ја прикажаа содржи делови и од Србија, Македонија, Црна Гора.
Слично
