Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовските банки со 17 милиони евра добивка за три месеци

Косовските банки со 17 милиони евра добивка за три месеци

Од Здружението на банки во Косово, информираат дека во првиот квартал од оваа година профитот на банките изнесува 16,8 милиони евра.

Банкарскиот сектор во Косово во првиот квартал има добри резултати. Се смета дека тоа е резултат на пониските просечни каматни стапки на кредитите. Во истиот период лани добивката на банките изнесувала околу 19,9 милиони евра, што значи дека оваа година профитот е помал за 15%. Профитот на банките во Косово се зголеми во последните две години, појаснуваат економските експерти. За падот на профитот во 2016 година во однос на првите три месеци од 2015 година, експертите сметаат дека е поради ниските камати на кредитите кои се одобруваат на граѓаните.

Слично

Поврзани вести