Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовските банки лани со супер профит

Косовските банки лани со супер профит
Банките во Косово лани имале  супер профит и  2015 година ја завршија со 94,7 милиони евра профит. Според извештај од Централната банка на Косово, бројот на нови компании регистрирани во 2015 година е 9,833, а 2.205  се затворени  или 534 повеќе отколку во претходната година. Јавниот долг во декември 2015 година, достигна 748.900.000 евра, што е за 28,5 % повеќе во споредба со јавниот долг во декември 2014 година. Ова зголемување на јавниот долг се должи пред се на растот на внатрешниот долг на 47,3 %, што достигна 377,8 милиони евра, а надворешниот долг значително се зголеми за 13,7 %, достигнувајќи 371,2 милиони евра. Увозот на стоки во 2015 година изнесуваше 2,6 милијарди евра, што претставува годишен пораст од 3,8 %. Раст има на увозот на прехранбени производи, основни метали, гума и пластика и увоз на возила. Извозот на стоки во 2015 година изнесува 325,3 милиони евра, што одговара на годишен пораст од 0,2 %.  
Слично

Поврзани вести