Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовскиот парламент ќе гласа за специјален суд на ОВК

Косовскиот парламент ќе гласа за специјален суд на ОВК

Парламентот на Косово ќе дебатира денеска за уставните измени за создавање на специјален суд за извршените злосторства од поранешната Ослободителна војска на Косово „ОВК“.

Пратениците од опозицијата најавија дека ќе гласаат против промените, но постои веројатност и пратеници од владејачкото мнозинство да се противат на предлозите за промени во Уставот. Досега 8 пратеници од Демократската партија на Косово најавија дека се против формирање на специјален суд.

Меѓународната заедница предупреди дека ако Приштина не создаде специјален суд, тогаш ќе биде формиран сличен под директива на ОН.

Во парламентот на Косово има 120 пратеници, а за усвојување на уставните измени се потребни гласовите на 80 пратеници. Сите амбасадори на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН ги повикаа властите во Приштина што е можно побрзо да создадат специјален суд кој ќе ги испита извршените злосторства од страна на ОВК.

Во исто време е јасно дека премиерот на Косово, Иса Мустафа побарал од Груевски меѓународна истрага на настаните во Куманово.

Мустафа побарал транспарентен пристап кон прашањето, како и да се истражуваат детално секоја можност за мешање.

„Ние побаравме да се изврши меѓународна истрага за настанот што се случи во Македонија, бидејќи сметаме дека ова ќе биде најголемо правилно решение и ќе даде повеќе информации и податоци. Ова ќе им овозможи на Косово и Македонија да го контролираат она што се случува во земјите и поединци да не можат да предизвикуваат жртви и такви резултати“, изјавил косовскиот премиер на регионалниот форум во Тирана, на кој присуствуваат премиерите на земјите од регионот.

При судир меѓу вооружени лица и македонската полиција во Куманово на 9 мај загинаа 8 полицајци, а десетици беа повредени. Властите побрзаа да прогласат дека станува збор за терористи, но според локалните набљудувачи и поголемиот дел од македонското и албанското население тоа е очајнички обид на режимот на Груевски да го спречи одржувањето на големиот опозициски митинг во Скопје, кој се одржа на 17 мај.

Слично

Поврзани вести