Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовскиот Хитлер од Митровица ги мрази Србите и комунистите

Косовскиот Хитлер од Митровица ги мрази Србите и комунистите

Митровица е дел од делумно признаената држава Косово. Не е изненадувачки, дека ова исто така е и место со етнички тензии и политичка нестабилност. Да додадеме и двојник на Хитлер и се добива една интересна доза од ексцентричност.

„Косово има свој Адолф Хитлер“, коментира Емин Джиновци а зборува за друг човек. 55-годишниот маж е ветеран од Ослободителната војска на Косово. Во моментов живее со пензијата како ветеран и од имитација на нацистичкиот лидер.

Емин вложува напори за да изгледа како Хитлер - носи значки, Герд со свастики и копија на „Мојата борба“.

„Луѓето ме нарекуваат Хитлер уште од првиот ден одкако ја напуштив армијата“, раскажува тој за магазинот „Вајс“. „Велат дека многу личам на него, повеќе од Англичанецот кој игра во оној филм“, додал тој, мислејќи на Чарли Чаплин во „Големиот диктатор“.

Косовскиот Хитлер си има и визит карта - на неа пишува Хитлер, има и свастика, како и орел. Луѓето често го канат на настани, на свадби и дури на погреби.

„Се случува и да одам на погреб, облечен како Хитлер. Тоа понекогаш има и негативен ефект, бидејќи оние кои тагуваат, престануваат да плачат и ќе дојдат кај мене да зборуваме“, раскажува тој.

Новинарите од „Вајс“ се прошетале низ Митровица со локалниот Хитлер, но никој не е загрижен од неговото присуство на улиците. Дури напротив - многу луѓе застанале да го поздрават нацистички косовскиот Хитлер - нешто што би го вознемирило целиот западен свет. Дури миротворците од КФОР ги стопираат своите автомобили за да му кажат здраво на Емин.

„Луѓето тука ме почитуваат. Млади, стари, мажи, жени и деца. Тие секогаш ме поздравуваат со „хајл Хитлер“.

Емин ја прифаќа работата навистина сериозно. „Хитлер не пушел“, вели тој секој пат кога ќе му понудат цигара. Ги критикува и луѓето кои доцнат на состаноци, бидејќи германската армија секогаш била точна. Сепак косовскиот Хитлер не е вегетаријанец.

„Девојките сакаат да го пипаат моето лице, мислат дека е маска. Потоа ја повлекуваат мојата коса, а понекогаш ме прашуваат дали може да ме бакнат. Се случува и кога сум со семејството надвор да ме зазборат, но жена ми не е љубоморна таа не е таков човек“, раскажува уште Емин.

Косовскиот Хитлер се идентификува со вистинскиот Хитлер, бидејќи нацистите војувале против непријателите на Косово. Ги обвинува комунистите и Србите за главни непријатели.

Денес зема помеѓу 20 и 80 евра за слика. Понекогаш заработува и до 200 евра на ден - ако има настан или туристи во Митровица.

Има 5 ќерки, во училиште ги нарекуваат децата на Хитлер. Оди и на родителски средби како Хитлер, и немал проблеми досега.

Разочаран е од Косово по војната, очекувал едвај не Косоварите да се прегрнуваат по улиците, но невработеноста е очајна и за него. Косовскиот Хитлер е задоволен од својот живот и не планира да менува ништо, додека не умре.

Слично

Поврзани вести