Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовскиот функционер Гафур Дуголи е ослободен од притвор

Косовскиот функционер Гафур Дуголи е ослободен од притвор
Косовскиот функционер Гафур Дуголи е ослободен,  иако пред  три дена Кривичниот суд Скопје му одреди екстрадициски притвор. Кривичниот совет ја усвоил жалбата на притворениот и предметот е вратен на повторно одлучување кај судија за претходна постапка. Јавното обвинителство во меѓувреме се предомислило и за Дуголи,  наместо 30 дена  притвор барало обврска лицето повремено да се јавува во суд. Судот го прифатил тој предлог и сега му е наложено на Дуголи повремено да се јавува во кривичниот суд. Не се знае дали пасошот му е одземен на Дуголи. Тој е актуелен шеф на протоколот на косовските безбедносни сили. Уапсен беше на граничниот премин Блаце на 12 месецов, кога доаѓал во Скопје по американска виза. По него е распишана потерница од Интерпол-Србија за воени злосторства направени врз  цивили Срби,  кои тој наводно ги извршил во 1998 година како припадник на ОВК на планината Клечка во Косово.
Слично

Поврзани вести