Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСОВСКИ АЛБАНЦИ, ТУРЦИ И ГРК – Жртви на нападот во Минхен

КОСОВСКИ АЛБАНЦИ, ТУРЦИ И ГРК – Жртви на нападот во Минхен
Меѓу деветте жртви на нападот во трговскиот центар во Минхен се тројца Турски државјани, тројца косовски Албанци и еден Грк. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за турска ТВ навел дека турските жртви засега се идентификувани како двајца тинејџери и жена. Грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека и еден државјанин на Грција е меѓу жртвите на нападот во Минхен. „Последица од вчерашноот трагичен инцидент во трговскит центар Олимпија во Минхен, за жал, е и еден грчки државјанин меѓу невините жртви“, се наведува во соопштението во Атина. Косовските портали веќе како што објавивме соопштија дека меѓу загинатите во пукањето во Минхен се и тројца Албанци од Косово. Во вчерашниот напад во Минхен 18-годишен Германец со иранско потекло усмрти девет, а повреди 27 лица, за на крај да изврши самоубиство.  
Слично

Поврзани вести