Косовската претседателка вапса велигденски јајца во боите на украинското знаме
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, заедно со своите ќерки близначки годинава вапса велигденски јајца во боите на украинското знаме.
Османи на Твитер соопшти дека годинава ги посветиле на украинската држава.
„Оваа година вапсувањето на велигденските јајца го посветивме на Украина. Мирот над војната, а љубовта над омразата“, рече Османи.
Инаку, претседателката вчера го честиташе православниот Велигден, каде во честитката рече дека се солидаризира со украинскиот народ кој слави под сенката на војната.
Слично
