Косовската претседателка со осуда за палењето на македонското знаме
Претседателката на Косово Атифете Јахјага го оцени како „неприфатлив“ чинот на палење на македонското знаме вчера во Приштина, на протестите против судската пресуда за случајот „Монструм“.
„Иако протестите се право загарнтирано со Уставот и законите на Република Косово за да се искаже незадоволство по разни прашања, вакви непромислени акти кои имаат за цел поттикнување омраза се во целосна спротивност со вредностите и идеалите кои ги прифативме како демократско општество“, вели Јахјага, која од полицијата и правосудните органи бара да ги откријат сторителите на овој чин.
На одржаниот протест доцна попладне вчера, пред македонската амбасада во Приштина, која беше под силно обезбедување, беше запалено македонското знаме и носени и извикувани пароли како „Ние сме 10 милиони војска, подготвени за војна“, „Еден народ, една крв, една мајка, едно знаме“, „Време е за обединување“...
(ВИДЕО-ФОТО) Приштина: Запалено македонското знаме, навреди и пцовки за македонскиот народ!
Протести беа одржани и во Тирана, Скадар, но и во Берлин.
Слично
