Косовската претседателка повторно не мирува, се „прошверцува“ и на Генералното собрание на ОН
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ денес изјави дека Србија поднела протестна нота до Обединетите нации бидејќи Вјоса Османи влегла во зградата на ОН со пропусница од друга земја.
Османи, позната по тоа што користи неконвенционални средства за да ги оствари своите цели, присуствувала на собирот иако ОН не го признава Косово.
„Госпоѓа Османи некако се прошверцувала во зградата на ОН, таа добила секундарна пропусница од друга земја за влез во Обединетите нации, поради што веќе поднесовме протестна нота до самите Обединети нации“, рече Ѓуриќ во изјава за новинарите.
Како што додаде, Османи ја користела таа пропусница за да разговара со некои од високите светски функционери.
Слично
