Косовската полиција се мобилизира за Видовден, Вулин доби забрана за присуство на прославата
Косовската полиција ги превзема сите потребни мерки по повод утрешното одбележување на православниот празник Видовден, една од најголемите верски слави на Србите.
По тој повод, полицијата објави дека ги зајакнала безбедносните мерки за да обезбеди сигурност и ред за време и по манифестациите кои традиционално се одржуваат од страна на косовските Срби.
Од друга страна пак, Александар Вулин, министерот за одбрана на Србија, доби забрана од косовските власти да присуствува на прославата на големиот српски православен празник во Газиместан, а веста за порталот kallxo.com. ја потврди Бехџет Пацоли, министерот за надворешни работи на Косово.
Слично
