КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ПРОТЕСТИРААТ МИРНО - со интонирање на „Боже правде“ почна собирот во северниот дел на Косовска Митровица (ВИДЕО)
Собирот во северниот дел на Косовска Митровица кај Споменикот на кнезот Лазар започна со пеење на Химната „Боже правде“, како реакција на Србите по последните еднострани одлуки на Приштина. Претходно, во четири општини на северот на Косово и Метохија се одржаа посебни седници на кои градоначалниците на Лепосавиќ, Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток формално поднесоа оставки од функцијата.
Косовската полиција ги повика граѓаните на мирен протест во северниот дел на Косовска Митровица и изјавија дека направиле оперативен план денешниот собир да се одвива без инциденти.
„Косовската полиција ги повикува граѓаните да протестираат мирно и да не наседнуваат на можни провокации, без разлика од каква природа се тие“, пишува КПС на својата Фејсбук страница.
Полицијата соопшти дека направила оперативни планови денешниот собир на граѓани во северниот дел на Косовска Митровица да помине непречено и без инциденти.
Фото: Курир.рс
