Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовската опозиција е против Заедницата на српски општини

Косовската опозиција е против Заедницата на српски општини

Од косовската опозиција се противат на воспоставувањето на Заедницата на српски општини во Косово.

Поради тоа немаат намера да учествуваат ни во изработката на нејзиниот статут, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.

Коментирајќи ја најавата на косовскиот претседател, Хашим Тачи за формирање на комисија која треба да го изработи нацрт-статут на ЗСО, портпаролот на опозициското движење Самоопределување, Фрашер Красниќи рече дека нема поента да се формира каква било комисија бидејќи нема потреба од постоење на Заедница на српски општини.

Опозициските партии, Алијанса за иднината на Косово (ААК) и Иницијатива за Косово исто така соопштија дека не сакаат да учествуваат во каков било „процес кој штети на интегритетот и суверенитетот на Косово“.

Формирањето на ЗСО е предвидено со Бриселскиот договор на Белград и Приштина.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун претходно го поддржа формирањето на ваквата заедница.

Слично

Поврзани вести