Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовска ревизорка побара да и ја намалат платата за 1.000 евра

Косовска ревизорка побара да и ја намалат платата за 1.000 евра

Да и се намали платата за 1.000 евра, побара генералната ревизорка на Косово, Вљора Спанца. Таа побара од републичкото Собрание да ѝ се намали платата од околу 3.800 на 2.800 евра месечно, но надлежната собраниска Комисија сепак не го прифати нејзиното барање, јави дописникот на МИА од Приштина.

На предлог на претседателот на Комисијата за буџет, труд и трансфери, Арменд Муја, одлуката по барањето на Спанца е одложена до добивањето анализа на примањата во институциите кои се сродни со Националната канеларија за ревизија на Косово (ЗРК).

Членовите на Комисијата од редовите на опозициските партии го поздравија барањето на Спарца. 

Спанца, која, на предлог на претседателката на државата, Вјоса Османи, е избрана на чело на државната ревизија пред неполни два месеци, во обраќањето пред собраниската комисија изјави дека смета оти нејзината плата, „поради економските околности, треба да се намали и да соодветствува на примањата на претседателот на Уставниот суд“. Таа кажа дека по преземањето на функцијата одлучила да ги редуцира трошоците на ЗРК, така што ги намалила платите на одредени позиции, а местото на советник за медиуми целосно го укинала.

Слично

Поврзани вести