Косово затвори 38 салони за масажа кои биле лежиште за проституција
Сомнеж кај косовските власти дека во некои салони за масажа всушност се врши проституција.
Весникот „Бота сот“ пренесува дека само во февруари 2018, косовската полиција затворила 38 салони за масажа за кои имале информации дека во нив се врши проституција.
Истиот извор информира дека инспекциските служби во контролите во Приштина, Призрен и Пеќ утврдиле бројни незаконски активности, при што евидентирале и пет албански државијанки кои потоа биле предадени на Дирекцијата за миграција и странски државјани.
Во тиа локали работеле и женски лица кои немале наполнето 18 години
Слично
