Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово засега во ЕУ може да извезува само бисквити

Косово засега во ЕУ може да извезува само бисквити
Косово моментално во Европската Унија може да извезува само бисквити, а за останатите производи треба да се работи на подобрување на квалитетот и исполнување на одредени стандарди. Ова особено важи за производи од месо и другите прехранбени производи. Министерството за трговија и индустрија, организираше работилница на која ги презентираше можностите за институционална поддршка за бизнисите и за барањата на пазарот на ЕУ за извоз. „Главната и крајна цел е создавање на зона на слободна трговија со 28 членки на Европската Унија", рече министерот Хикмет Бајрами. Локалните производители, кои беа присутни на работилницата изразија загриженост во врска со условите и критериумите поставени од страна на пазарот на ЕУ. Меѓу критериумите и условите споменати се  квалитет и стандарди. Експертот од Европската Унија,  Рејмонд Рурк кажа дека косовските бизниси и производителите мора да ги исполнуваат условите и критериумите за квалитет на производите.
Слично

Поврзани вести