Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово забрани плаќања во готово од над 2.000 евра

Косово забрани плаќања во готово од над 2.000 евра

Косовската даночна администрација (ATK) објави дека почнувајќи од денес, плаќањата во вредност од над 2.000 евра помеѓу бизниси и поединци повеќе нема да можат да се вршат во готово.

Според соопштението, сите трансакции што го надминуваат овој износ мора да се вршат само преку банкарскиот систем или други електронски форми на плаќање

„Од 1 јуни 2026 година, плаќањата над 2.000 евра помеѓу бизниси и поединци не смеат да се вршат во готово и мора да се вршат само преку банкарскиот систем или други електронски форми на плаќање. Почитувајте го ограничувањето утврдено со закон и избегнувајте казни. Не плаќајте во готово над дозволениот лимит“, се наведува во соопштението на ATK.


Слично

Поврзани вести