Косово со кревок мир - што го плаши Вучиќ?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го плашат неодговорноста на Европа и ароганцијата на Приштина.
Тој разговарал со претставници на Европската Унија (ЕУ) и „замолил да водат сметка затоа што ситуацијата на Косово е многу поопасна и потешка отколку што мислат луѓето“.
Тој изјави дека очекува „во средината на јануари да дојдат големи луѓе од целиот свет“ и да кажат дека „мора да постигнеме договори“.
По 120 дена, косовските Срби ги остранија барикадите. Тие излегоа на барикадите откако косовските власти уапсија двајца Срби. Но, тие се пуштени.
Административните премини Јариње и Брњак се отворени за сообраќај откако во утринските часови беа отстранети сите барикади на северот на Република Косово.
Премините Јариње и Брњак беа затворени од 10 декември кога беа поставени барикади на патиштата во општините на северот на Косово.Вучиќ вчера кажа дека недовербата останува.
фото Фејсбук
