Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово сака дел од имотот на СФРЈ

Косово сака дел од имотот на СФРЈ
Косово има намера да побара да учествува во сукцесијата на имотот на поранешната СФРЈ. Ова го најавува новата косовска Влада, според која некогашната покраина има право на дел од материјалните средства, дипломатските и воените објекти кои при поделбата му припаднаа на Белград. Освен ова, Приштина ќе бара и воена отштета од српските власти, стои во нацрт-програмата на новата косовска Влада што ја објавија косовските медиуми. Во контекст на дијалогот со Србија во програмата на новата косовска влада во врвот на приоритетите е воспоставувањето на меѓународната граница меѓу двете држави, додека другиот е прекинување на мешањето на Србија на Косово во сферите кои не се третирани во Брисел. Меѓу темите се и меѓудржавната соработка во воздушниот транспорт, воена отштета по разни основи, прашањето на исчезнатите лица и враќањето на раселените.    
Слично

Поврзани вести