Косово сака да им го земе „Фолксваген“ на конкурентите
Приштина понуди свои услови за Фолксваген за отворање на фабрика за германски автомобил на територијата на Косово.
Според приштинската Коха, писмо до претседателот на Управниот одбор на оваа компанија, Херберт Дајз, кој планира да отвори фабрика во една од земјите на Западен Балкан, е испратено од косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шала.
Тој рече дека испратил писмо до Фолксваген на 4-ти април и го изразил интересот на Косово за инвестицијата и дека ги посочил во писмото придобивките што ги нуди, објави Танјуг.
Во наредните денови, Шала планира да испрати слични понуди и на други компании, рече Коха.
Слично
