Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово прогласи ден на жалост за смрт на американски претседател

Косово прогласи ден на жалост за смрт на американски претседател

Косово прогласи ден на жалост и денеска ќе тагува за смртта на починатиот американски претседател Џорџ Буш Постариот. Ден на жалост истовремено е означен и во САД.

Претседателот Хашим Тачи ја донесе оваа одлука во знак на почит и жал кон „неговиот придонес за слободата и државноста на Косово“.

Косовското знаме е спуштено на половина копје на сите државни објекти. 

Џорџ Буш Постариот почина на 30 ноември на 94-годишна возраст.. Тој беше 43-ти претседател на земјата, од 1989 до 1993 година.


Слично

Поврзани вести