Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово: Прогласена туларемиска епидемија

Косово: Прогласена туларемиска епидемија

Министерството за здравство на Косово прогласи епидемија од туларемија во државата и ги активираше сите теренски тимови за спречување на појавата на нови случаи, одборот за превенција и сузбивање инфективни болести во Косово ја потврди оваа информација .

Како што пишуваат приштинските медиуми, од 1 јануари 2014 до 10 февруари оваа година пријавени се вкупно 206 случаи на туларемија. Порастот на инфицираните е регистриран во јануари 2015 година.

Воглавно болеста е регистрирана во централниот и источниот дел од Косово во 19 општини со 88 жаришта.

Досега не е регистриран ниту еден смртен случај од туларемија. Најголем број заболени има во Вучитрн, Обилиќ, Србица, Призрен и Сува Река.
Слично

Поврзани вести