Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово пак ќе увезува компир и мед од Македонија

Косово пак ќе увезува компир и мед од Македонија

Нема повеќе блокади на производи кои Македонија ги извезуваше во соседно Косово.

Пред помалку од месец дена од косовска страна решија да и возвратат на Македонија со забрана за извоз на компири и мед.

До оваа одлука дојде откако нашата земја  мораше да забрани влез на рибен подмладок и икра во земјава од Косово поради нецелосна гранција.

Надлежните соопштија дека се иполнети сите обврски од косовската страна, согласно законската регулатива Министерството за економија денеска донесе одлука Република Косово повторно да биде ставена на листата на земји од кои е дозволен увоз на икра и подмладок.

Македонија нема да прави компромиси кога станува збор за стандардите кои треба да бидат исполнети согласно европската регулатива, потенцираа децидно од Владата.

Слично

Поврзани вести