Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово: Опозицијата смета дека иселувањето ќе се спречи со формирање на фонд

Косово: Опозицијата смета дека иселувањето ќе се спречи со формирање на фонд
Сите опозициски партии на Косово побараа од Косововската влада да се формира Фонд за спречување на граѓаните да заминуваат во странство и за таа цел да обезбеди 40 милиони евра. Тоа било истакнато на синоќешната заедничката прес-конференција на Алијансата за иднина на Косово, Движењето Самоопределување и Иницијативата за Косово. - Со тие средства би се создале услови за отворање нови работни места и би се вратила надежта – било речено на прес-конференцијата. Владата треба итно да го формира тој фондот, бидејќи иселувањето не може да се спречи со полициски мерки, побараа сите партии во опозицијата веднаш да почне со примена на Резолуцијата за миграции донесена во Собранието на Косово.  
Слично

Поврзани вести