Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово очекува укинување на визите

Косово очекува укинување на визите

Оваа недела Европската комисија се очекува да препорача визна либерализација за граѓаните на Косово за Шенген зоната.

Со ова граѓаните на Косово ќе можат да патуваат без визи како и граѓаните на Грузија, Украина и Турција, пишува „Фајненшл тајмс".

Косово започна преговори со Брисел за визите во јануари 2012 година и е единствената земја од Западен Балкан која не го ужива ова право.

Комисијата ја критикуваше земјата за мал напредок во борбата против корупцијата и нелегалната миграција.

„Повеќе од 40% од возрасните се без работа", стоеше во извештајот на УНДП од 2012 година, што ја  покажува зависноста од дознаките од странство и стравувањата на граѓаните во земјите на ЕУ од миграција.

Слично

Поврзани вести