Косово обвини дека три земји меѓу кои е и Македонија извршиле хакерски напад
Владата во Косово тврди дека врз институциите во земјата денеска е извршен масовен хакерски напад, кој доаѓа од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, при што целосно е хакиран системот на електронската пошта, јави дописникот на МИА од Приштина.
Порталот „Газета Ексрепс“ објави писмо кое Владата во Приштина го испратила до амбасадите на Косово во кое ги информира за нападот и изразува стравување дека тој може да се прошири и понатаму.
„Нападот е мошне организиран и доаѓа од Србија и Босна и Херцеговина, а додека ова ви го пишуваме започна и од Македонија“, се вели во информацијата која порталот тврди дека ја добил од извори во Владата.
Цел на нападот се комуникациите преку електронска пошта на државните претставници и на институциите на Косово, а намерата е да се оневозможи нивната меѓусебна комуникација.
